Дома Топ вести „Ти благодариме што не внесе во историјата“!

„Ти благодариме што не внесе во историјата“!

zidane

Зинедин Зидан на денешната вонредна конференција го изненади фудбалскиот свет и си поднесе оставка од тренерската доложност во Реал Мадрид.

Секако, по заминувањето на Зидан следуваа порака од играчите на Реал и раководството на „кралевите“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во продолжение ви пренесуваме дел од реакциите на фудбалерите.

„Ти благодарам господине! Ми беше задоволство“, порача Тони Крос.

„Мистер и како играч и како тренер секогаш беше на врвот. Ти благодарам на две ипол години фудбал, работа пријателство и љубов. Сега не напушташ, но она што го остави никој не може да го избрише. Заедно со тебе испишавме едно најуспешните поглавја во историјата на Реал Мадрид“, гласеше пораката на капитенот Серхио Рамос.

„Ми беше чест да работам со тебе. Беше чест секој ден да се работи и победува со тебе. Од нашиот тим направи нешто историско. Ти испраќам голема прегратка“, порача Иско.

„Немам зборови со кои можам да ја израм мојата благодарност за се што направи за Реал Мадрид. Беше гордост и привилегија да тренирам под водство на идолот. Вечен Зизу“, беше пораката на Касемиро.

„Само сакам да си заблагодарам за тоа што две ипол години беше наш тренер. Беше исклучително професионален, како и твоите помошници. Многу научив од тебе од човечка и играчка гледна точка. Ти посакувам се најдобро во иднина. Повторно ти се заблагодарувам на посветеноста“, порача Карвахал.

„Многу научив од тебе. Уживав како дете на секој тренинг, секој натпревар, секој разговор. Ти благодарам на се. Ти си за мене посебен човек. Со својата понизност, посветеност и љубов испиша историја. Ти благодарам за се“, беше пораката на Марсело.

„Многу сум горд што имав чест да бидам ваш играч. Ти благодарам многу тренеру“, гласеше пораката на Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн Минхен и Милан се „тепаат“ за потписот на Де Зерби

Неколку европски гиганти покажуваат силен интерес за италијанскиот тренер Роберт де Зерби.…