Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Тите категоричен: Не сакам глумци во мојот тим

Тите категоричен: Не сакам глумци во мојот тим

Натпреварот во вечерниот термин помеѓу Бразил и Швајцарија донесе и изненадување. „Кариоките“ кои важат за еден од првите фаворити за трофејот не успеаа да ја победат Швајцарија и одиграа само 1:1.

Без оглед на тоа што Швајцарија не е реперезентација за потценуцање, очекувањата беа еден од првите фаворити да отвори со победа.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Бразилците после натпреварот се жале и сметаат дека се оштетени при постигнувањето на изедначувачкиот гол на Швајцарците. Тие сметаат дека не е досуден прекршок од стрелецот Зубер над нивниот дефанзивец Миранда.

После натпреварот Тите изјави:

„Миранда ми кажа дека требало да падне после контактот со Зубер и дека тогаш судијата сигурно би му досудил прекршок. Јас му одговорив дека тоа не доаѓа во предвид, не сакам глумци во мојот тим“, изјави Тите.

Тите кого Бразилците го обожаваат откако во последните две години успеаа да ја препороди репрезентацијата со ваквата изјава уште еднаш докажа за каков господин и спортист се работи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

От Реал подготвиле 100 милиони фунти за носителот на „Златната топка“

Раководството на Реал Мадрид размислува да испрати понуда вредна 100 милиони фунти со цел …