Дома Тикет на денот Тикет на денот (среда, 22.05.2024)

Тикет на денот (среда, 22.05.2024)

Денес ќе го дознаеме победникот во Лига Европа за оваа сезона. Покрај тој натпревар ќе се игра и во некои национални купови. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Аталанта – Леверкузен – ГГ3+ @ 2.35 во Mozzart

За двете екипи може да се каже дека имаат фантастична сезона и дека ги надминаа сите очекувања. Учинокот на Баер Леверкузен е надреален и тие станаа шампиони во Германија, а сега се на чекор и од освојувањето на Лига Европа. Аталанта пак сосема заслужено се најде во финалето од ова натпреварување бидејќи изиграа одлично и елиминираа многу појаки појаки противници како Ливерпул итн. Мотивот на овој натпревар е огромен, а ние очекуваме ефикасен дуел и типуваме ГГ3+ со квота 2.35 во Mozzart.

Ден Хаг – Ексцелзиор – 2 @ 2.80 во 22Bet


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во другото ½ финале од плеј оф за пласманот во холандската Ередивизија се сретнуваат екипите на Ден Хаг и Ексцелзиор. Гостите го зазедоа 16-то место во елитниот ранг и мораат својот статус на прволигаш да го потврдат преку доигрувањето со тимовите кои во втората лига зазедоја позиција од 3-8. Ден Хаг беа на 5-то место и имаа 12 бода помалку од екипата која директно се пласираше. Ексцелзиор дури сега се приклучува во доигрувањето и тие во неделата имаа прилика со еден бод да стигнат до сигурен опстанок, но градскиот ривал Фејнорд не им го дозволи тоа. Наш предлог е 2 со квота 2.80 во 22Bet.

Илвес – Интер Турку – 1 @ 1.90 во Bet365

Финскиот шампионат дури сега започнува да се игра со „полна пареа“, а според резултатите од првите осум кола делува дека ова ќе биде интересно и дека ќе имаме голема борба низ целата сезона. За титула во претходната година се бореа Хелсинки и КуПС, а пехарот припадна на ХЈК бидејќи имаше минимална предност. Илвес е во серија од четири последователни победи и тоа после почетокот на првенството кога во првите три кола имаа само еден бод на контото. Гостите пак се на 10-то место со само 5 бода од 7 изиграни натпревари. Ние овде очекуваме 1 со квота 1.90 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 12.50

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (четврток, 12.12.2024)

Со оглед дека се играат натпревари во Лига Европа и конференциската лига, понудата е фанта…