Вечер ќе ги дознаеме преостанатите учесници од второто коло на квалификациите за ЛШ. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Динамо Батуми – Лудогорец – 2 @ 1.79 во Mozzart
Лудогорец веќе 13 пати беше шампион на Бугарија и тоа во последните 13 години. Доминацијата започна во 2012 година и секоја титула завршуваше во Разград. Исто така и во Европа имаа многу успех и два пати играа во групната фаза и повеќе пати во Лига Европа. Во првиот натпревар запишаа победа против Динамо Батуми и тоа со 3-1, па во овој реванш дуел влегуваат релаксирано. Домаќините пак нема да се предадат и ќе се борат до самиот крај, но големо е прашањето колку ќе успеат во тоа. Ние овде очекуваме гостите да победат и типуваме 2 со квота 1.79 во Mozzart.
Петрокуб – Ордабаси – ГГ @ 2.03 во 22Bet
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Очекувавме во првиот натпревар, шампионат на Казахстан да стекне барем некоја предност. Се докажа дека Петрокуб е далеку поцврст ривал отколку што се очекуваше и дека Ордабаси ќе мора пролаз понатаму да побара во Молдавија. Минатата сезона Петрокуб зад себе го остави Шериф, тимот кој беше вистинска сензација во ЛШ и го победи тимот на Реал Мадрид. Ордабаси пак во минатата година беше шампион во Казахстан, а сега е лидер во првенството после 12 изиграни натпревари. Ние овде очекуваме двете екипи да постигнат погодок, па типуваме ГГ со квота 2.03 во 22Bet.
ПК-35 – Јаро – 2 @ 1.85 во Bet365
Еве и еден натпревар од финската втора лига. Во гости кај ПК-35 доаѓа тимот на Јаро, екипата која минатата сезона ја заврши на 9-то место. Од друга страна ПК-35 играше во третиот ранг на финскиот фудбал и преку плеј оф стигнаа до втората лига. Јаро пак е на втората позиција и прикажува одлични игри, а во последните четири првенствени натпревари запишаа четири победи. Ние овде очекуваме гостите да ја продолжат таа победничка серија и типуваме 2 со квота 1.85 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.72
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk