Поголем дел од лигите завршија минатиот викенд, а останатите ќе завршат наредниот. Сега се во „мода“ баражите за пласман во повисок ранг и за опстанок. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Волфсбергер – Австррија Виена – 1 @ 3.10 во Mozzart
Во австриската Бундеслига можност за играње во Европа се дава и на тимовите кои не се пласираа во плеј оф. Тоа даде посебен мотив на екипите кои се во плеј аут. Такви тимови се Волфсбергер и Австрија Виена. Победникот на овој дуел нема автоматски да се квалификува за конференциската Лига, туку ќе мора да ја измерат силата со Хартберг кој беше на 6-то место во плеј оф. На овој дуел, домаќините се во подобра форма и очекуваме да победат. Наш предлог е 1 со квота 3.10 во Mozzart.
Луцерн – Лозана Оуши – 1&3+ @ 1.80 во 22Bet
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со овој натпревар се завршува сезоната за двете екипи, но и учеството на Лозана Оуши во Супер лигата на Швајцарија. Тимот од предградието на Лозана беше единствена екипа која влезе во елитата благодарение на проширување на лигата. Сепак не ги видовме во некое посебно издание и поради тоа ќе мора да се вратат во понизок ранг. Домаќините пак нема за што да се грижат и во моментов се на 7-та позиција и тоа значи дека опстанокот веќе им е обезбеден за следната сезона. Според квалитетот Луцерн би требало да запише лесна победа, а ние типуваме 1&3+ со квота 1.80 во 22Bet.
Бреда – Емен – 1 @ 2.05 во Bet365
Во ½ финалето од плејофот за пласман во холандската елита се сретнуваат екипите на Бреда и Емен. Искрено и двата тима се надеваа на директен пласман во Ередивизијата на почетокот на сезоната, а на крајот одвај стигнаа до плеј оф. Емен беше како 7-мо пласиран тим, а Бреда заврши на 8-та позиција. Во ¼ финалето Бреда беа многу подобри од Рода и победија со вкупен резултат од 1-8, додека Емен го елиминираше Дордрехт со резултат 2-3. На овој натпревар ние предност даваме на домаќините и типуваме 1 со квота 2.05 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 11.43
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk