Дома Фудбал Тиаго Силва: ПСЖ не ми понуди ниту едно евро, истиот третман го имаше и Кавани

Тиаго Силва: ПСЖ не ми понуди ниту едно евро, истиот третман го имаше и Кавани

Бразилскиот стопер Тиаго Силва летоска како слободен играч го напушти ПСЖ и потпиша договор со Челси.

Силва сега открива дека не бил доволно почитуван во поранешниот клуб, бидејќи не му дале никаков предлог или можност да остане, па 36-годишиот играч се одлучил да замине во Англија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„ПСЖ никогаш не ми понуди ништо. Не ми понуди ниту едно евро за да останам со нив. Апсолутно ншто, што навистина беше фрустрирачки. Заслужив многу поголема почит. Истата работа се случи и со Кавани.“ – открива Силва.

Поранешнот играч на Милан со ПСЖ играше финале во ЛШ, освои седум лигашки титули, пет пати Куп на Франција и шест пати Лига куп.

Дека ќе го напушти ПСЖ знаел уште кога го одиграле финалето во ЛШ.

„Од почетокот ми беше јасно дека нема да останам. Не сакаа директно да ми ја соопштат таа одлука, но се гледаше дека тој натпревар против Баерн ќе биде мој последен, па му кажав на мојот агент да тргне во потрага за мој нов тим.“ – додаде Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Згаснува идејата за Суперлига: Барселона ќе го напушти проектот!?

Барселона сериозно размислува да се повлече од проектот за Суперлигата, откако односите на…