Дома Трансфер зона Тиаго Силва денес на лекарски прегледи

Тиаго Силва денес на лекарски прегледи

Тиаго Силва денес ќе ги мине лекарските прегледи во Милано, а потоа ќе стави потпис на договорот со Челзи.

35-годишниот дефанзивец е слободен играч откако му заврши договорот со ПСЖ и веќе постигна договор со Челзи за двегодишна соработка.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Бразилецот моментално се наоѓа во Милано, а откако ќе ги мине редовните прегледи утре ќе отпатува во Лондон.

Потоа ќе биде во задолжителна изолација 14 дена пред да му се придружи на соиграчите во Челзи. Тој ќе стави потпис на двегодишен договор со „сините“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…