Дома Фудбал Италија Тешките денови се минато: „Млекарите“ пред враќање во Серија А!

Тешките денови се минато: „Млекарите“ пред враќање во Серија А!

Фудбалерите на Парма се блиску до враќање во најсилниот ранг во Италија и тоа сигурно ги радува постарите љубители на фудбалот.

Иако пред неколку години беа исфрлени во четвртата италијанска лига, управата на Парма не се откажа и сега се на чекор од враќање во елитата.

Парма денес на домашен терен ја совлада Тернана со 2:0 во рамките од 39 коло во италијанската Серија Б и сега има 66 освоени бодови, односно бод повеќе од Фросиноне. Споменатите 66 бодови се доволни за втората позиција која доколку ја задржат до крајот ќе изборат директен влез во Серија А наредната сезона.

До крајот на второто по ранг натпреварување во Италија остануваат само уште три кола. Во наредното коло Парма ќе гостува кај Чезена.

Да потсетиме, овој италијански клуб низ историјата освои два Купа на УЕФА, европски Суперкуп, Куп на победниците на куповите и три италијнаски купа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рашфорд го одби Фенербахче, но може да биде „бомбата“ во последниот ден од преодниот рок?

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, ја одби понудата од турскиот Фенербахче. …