Реал Сосиедад изминатата сезона го обезбеди учеството во групната фаза од Лигата на шампионите, а еден од најзаслужните за успешната сезона беше прославениот Шпанец, Давид Силва.
Легендарниот фудбалер го напуштил последниот тренинг поради тешка повреда на вкрстените лигаменти на левата нога.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По прегледите докторите заклучиле дека Силва најверојатно ќе го пропушти првиот дел од претстојната сезона и на терен би требало да се врати дури 2024 година.
Иако наредниот јануари полни 38 години, Давид Силва е многу важен дел за баскиската екипа за која во минатата сезона одигра 38 натпревари и со три гола и седум асистенции придонесе за пласманот на четвртата позиција во Примера.
Така Сосиедад ќе мора во групната фаза да биде без Силва кој ќе може да помогне во вториот дел од Лигата на шампионите, секако ако Шпанеците се пласираат во нокаут фазата.