Дома Фудбал Тер Штеген ја шокира Барселона

Тер Штеген ја шокира Барселона

Барселона не може да најде заеднички јазик со голманот Марк-Андре тер Штеген за продолжување на соработката, пренесуваат шпанските медиуми.

Каталонците сакаат да го задржат 27-годишниот Германец чиј договор истекува во 2022 година, но сакаат долгорично да го задржат на „Камп Ноу“.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Тер Штеген има високи барања и сака 15 милиони евра по сезона, со што ќе стане втор најплатен играч во тимот после Лео Меси.

Барселона сака да му даде зголемување на платата, но не може да ги задоволи неговите финансиски барања поради финансискиот фер-плеј. Клубот му нуди договор до 2027 година, но голманот не е задоволен од понудената плата.

Интерес за Тер Штеген покажува Челзи, кој е спремен да му понуди 12 милиони фунти по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мо Салах не ги сака новите соиграчи?

Барем така велат Германците кои застануваат на страната на мнозинството новопристигнати мо…