Дома Фудбал Англија Хаос на тренингот на Фулам – Камара заврши во притвор!

Хаос на тренингот на Фулам – Камара заврши во притвор!

Напаѓачот на Фулам, Абибакар Камара е уапсен под сомнение дека му нанел тешки телесни повреди на едно лице во тренинг центарот на овој клуб.

Полицијата интервенирала по повик во понеделникот попладне, а медиумите дознаваат дека во тепачката учествувало уште едно лице од стручниот штаб на Фулам.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако беше исфрлен од првиот тим од страна на тренерот Раниери, Камара пристигнал во тренинг центарот да разговара со раководството. Но, посетата завршила со негово апсење.

„Полицијата доби повик во понеделникот околу 17 часот за тепачка во тренинг центарот на Фулам. Во таа прилика беше уапсено едно лице на возраст од 23 години кое и понатаму се наоѓа во притвор“, соопштија од полицијата.

Од Фулам преку официјално соопштение и се заблагодарија на полицијата за брзата реакција и потврдија дека на тоа лице ќе му биде забранет влез во клупските простории.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…