Дома Фудбал Останато Теорија на заговор: Прво се смени пилотот, а сега и овој го нема – Сала не леташе сам!

Теорија на заговор: Прво се смени пилотот, а сега и овој го нема – Сала не леташе сам!

Вчера полицијата го идентификуваше телото пронајдено во авионот на дното на англискиот канал така сите надежи дека може да се случи чудо со Сала згасна…

После идентификацијата денес службите телото ќе го предадат на неговото семејство, но оние љубители на теориите на заговор веднаш започнаа да си поставуваат прашања.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


И не можеме да кажеме дека грешат се додека доказите не ги демантираат. Некои работи во целата ситуација се навистина чудно.

Прво започна со информацијата за промена на пилотот во последен момент, па непоседувањето лиценца, за сега во авионот на дното да биде пронајдено само едно тело.

„Во авионот беа двајца, Сала не беше сам. Каде е другото тело. Прво се смени пилотот во последен момент, а сега и овој го нема. Се случуваат навистина чудни работи“, гласат дел од прашањата на луѓето кои го следат овој случај.

Сомнежите се зголемуваат и поради седиштето најдено на плажа во француското крајбрежје кое најчесто припаѓа на пилотот во ваквите авиони. Тоа не е потврдено дека е дел од авионот, но постојат сомневања дека е можно пилотот да скокнал од авионот пред падот во морето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бобан уште еднаш ја доби битката со Милан: „Росонерите“ ќе му исплатат милионска оштета

Врховниот суд во Италија донесе конечна пресуда во случајот на Звонимир Бобан кој по вторп…