Дома Фудбал Англија Тен Хаг: Санчо не е спремен ниту физички, ниту психички

Тен Хаг: Санчо не е спремен ниту физички, ниту психички

Tренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека Џејдон Санчо нема да се приклучи на тимот додека не биде физички и психички подготвен.

Англичанецот од 100.000.000 фунти, кој пристигна во Манчестер Јунајтед од Борусија Дортмунд во летото 2021 година, не ги оправда очекувањата на навивачите, клубот и јавноста.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имаше неколку блескави натпревари, но ништо континуирано што би го направило редовен член на стартната постава на „црвените ѓаволи“.

Пред него има многу работа, а во наредниот период нема да биде дел од тимот за да се справи со својата физичка и психичка состојба.

„Сакаме да го вратиме што е можно поскоро, но не можам точно да предвидам кога ќе биде тоа. Неговата неподготвеност е и физичка и психичка“, изјави Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал блиску до договор со ѕвездата на Баерн

Реал Мадрид следи голем број стопери, а наводно сега Дајо Упамекано е трансфер цел број ед…