Манчестер јунајтед вчера загуби на гостувањето кај Астон вила со 1-3 во мечот од 15. коло во Премиерлигата, а најмногу критики доби Кристијано Роналдо кој заигра од првата минута и ја доби капитенската лента.
Роналдо ги помина сите 90 минути на теренот, но не се прослави, по што Тен Хаг објасни зошто тој ја носел капитенската лента.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Хари Мегваер остана на клупа и се знае дека тој ни е прв капитен. Потоа мислев да му ја дадам капитенската лента на Давид де Геа затоа што е лидер, но тој е голман. Па помислив на Касемиро, но тој не зборува англиски најдобро и затоа решив Роналдо да ја носи“, изјави Тен Хаг.
Искусниот 37-годишен напаѓач во досегашниот дел од сезоната одигра 16 натпревари и постигна само три гола и две асистенции. За многумина ваквата изјава е понижување за Роналдо затоа што дури и Касемиро бил во преден план.