Ерик Тен Хаг нема да се откаже од својот план да го промени лицето на Манчестер Јунајтед, поточно да го намали бројот на играчи и така да направи екипа по свој вкус.
Минатото лето осујм фудбалери го напуштија „Олд Трафорд“, но клубот од нив заработи само 10 милиони евра затоа што најголем дел заминаа бесплатно.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За ова лето се најавува нова и уште поголема „чистка“ во клубот од „Олд Трафорд“. Најмногу интерес има за младиот Швеѓанец, Еланга кој под водство на Рагник доби шанса и ветуваше, но кај Тен Хаг не добива премногу простор. Еланга одигра само 24 натпревари во сите натпреварувања и не се прослави, стартуваше само на пет средби.
Ерик Баи се враќа, Марсеј нема да го откупи бидејќи не воодушеви на „Велодром“. За него нема место во тимот на Тен Хаг како шт о нема ниту за Телес, Дони Ван Дебек, Марсијал, Брендон Вилијамс, Ван Бисака и најверојатно Хари Мегваер.
Во дел од овие фудбалери беа вложени големи суми. Мегвар беше платен 90 милиони евра, Ван Бисака 60 милиони…
Летото кое следи би требало да донесе многу промени, ако Тен Хаг успее во намерата да се ослободи од „вишокот“ сигурно дека на место на овие фудбалери ќе доведе играчи по негова желба.