Дома Фудбал Англија Тен Хаг за дебаклот: Непрофесионално, ќе мора да разговараме 🎥

Тен Хаг за дебаклот: Непрофесионално, ќе мора да разговараме 🎥

Maнчестер Јунајтед вчера беше понижен од Ливерпул со неверојатни 7:0. Резултатот е големо изненадување, посебно затоа што пред дербито Јунајтед беше во далеку подобра форма од Ливерпул.

Секако, тренерот на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хаг имаше зошто да биде незадоволен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Може да изгубите натпревар и ништо да не ви се замери. Во првото полувреме игравме пристојно, но второто беше непрофесионално. Не смее да ни се случуваат вакви работи, ќе разговараме“, изјави Тен Хаг.

За холандскиот стратег е несфатливо однесувањето на целиот тим на теренот.

„Не станува збор за двајца-тројца фгудбалери, туку за 11 играчи. Целиот тим беше без концентрација и план. Ова не беше Манчестер Јунајтед“, додаде Холаѓанецот.

Тен Хаг беше запрашан и дали ова му е најтешкиот пораз од кога е на клупата на Јунајтед.

„Секој пораз е тежок, посебно против Ливерпул. Ги разочаравме навивачите. Тоа најмногу ме нервира“, одговори тренерот на „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Урнебесно: Карагер пијан го интервјуираше Санчо 🎥

Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа на домашен терен на „Сигнал Идуна Парк“ го совлада…