Tренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг изјави дека е среќен поради победата над Евертон, посебно затоа што тројцата на напаѓачи на „црвените ѓаволи“ постигнале по еден.
Стрелци за Јунајтед во триумфот од 3:0 беа Алехандро Гарначо, Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал. Натпреварот посебно ќе го памети, Гарначо кој со спектакуларни „ножички“ ја затресе мрежата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тоа беше гол на сезоната. Не станува збор само за егзекуцијата, туку за се што претходнеше на голот. Финишот беше фантастичен“, изјави Тен Хаг.
Тој истакна дека неговите фудбалери биле премногу лежерни.
„Ги критикував затоа што мислеа дека стигнаа до целата. Не можете да имате таков пристап, борбата трае 100 минути на теренот. Второто полувреме добро го одработија“, наведе Тен Хаг.
Во овој момент Манчестер Јунајтед е шести на табелата во Премиер лигата со 24 бода.