Дома Актуелно Тен Хаг во Ајакс ќе го наследи помошникот на Куман од Барселона?

Тен Хаг во Ајакс ќе го наследи помошникот на Куман од Барселона?

Eрик Тен Хаг после завршувањето на актуелната сезона ќе седне на клупата на Манчестер Јунајтед, а белгискиот „RTBF“ пренесува дека во Ајакс веќе го избрале неговиот наследник.

Според најавите нов тренер на Ајакс ќе биде Алфред Шреудер кој во овој момент го води Клуб Бриж. Во Бриж пристигна во јануари, но изгледа нема да се задржи долго. Станува збор за 49-годишен стратег кој пред Бриж беше помошник тренер во Барселона во периодот кога Роналд Куман го водеше клубот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во кариерата беше и главен тренер во германски Хофенхајм од 2019 до 2020 година, а претходно во истиот клуб беше асистент на Јулијан Нагелсман. За да се пресели во Ајакс холандскиот гигант на Бриж ќе му ја плати откупната клазула во износ од 1.5 милион евра.

Треба да се спомене дека и во Ајакс Шрудер беше помошниок и тоа токму на Тен Хаг, во Холандија работеше и во Твенте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Ѓоковиќ го прашаа на кој тенисер би му го доверил животот – одговорот беше изненадување! 🎥

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доби и интересно прашање на кое имаше интересен о…