Расмус Хојлунд оваа сезона покажа дека има потенцијал да го носи дресот на Манчестер Јунајтед, во еден период играше во одлична форма, но исто така и „црни минути“ во кои не беше ефикасен.
Хојлунд го постигна победничкиот гол во полуфиналето на ФА Купот против Ковентри од пенал, а по мечот тој имал разговор со тренерот Ерик Тен Хаг.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англиските медиуми пишуваат дека напаѓачот разговарал со Тен Хаг на тема Бруно Фернандеш. Наводно, Хојлунд се пожалил дека Фернандеш го избегнува на теренот и не му ја додава топката.
Интересно е што ова не е првпат медиумите да пишуваат дека Хојлунд се жали од соиграчите, слични пишувања имаше и по поразот на Манчестер Јунајтед од Копенхаген во Лигата на шампионите (4:3).