И покрај болеста и сите совети кои ги добиваше „Гранде Синиша“ одлучил да го исполни ветувањето кое им го дал на играчите.
Српскиот стратег и актуелен тренер на Болоња се уште се опоравува од тешката болест, но тој го напушти болничкиот кревет и ја водеше Болоња во вчерашниот натпревар против Верона и така покажа дека станува збор за голем борец и воин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На крајот неговата Болоња ремизираше на „Бентегоди“ 1:1, но резултатот остана во втор план. Веројатно никој, па и најголемите оптимисти не се надеваа дека 40 дена откако на Михајловиќ му беше откриена леукемијата ќе ја води Болоња од клупата. Меѓутоа Синиша како што пренесуваат италијанските медиуми сакал да го исполни ветувањето кое им го дал на играчите – дека ќе биде со нив во првиот натпревар во Серија А.
Така денес „Газета дело Спорт“ пренесува текст во кој објаснува што се случувало и како Синиша излегол од болницата.
„Ви ветив дека ќе бидам со вас. И тука сум. За некои можеби сум будала што излегов од болницата. Но, јас сакав да бидам тука“, им кажал Михајловиќ на фудбалерите.
„Газета“ ги пренесува зборовите на Андреа Ди Кара кој истакна дека сите биле шокирани го виделе Синиша како влегува во хотелот.
„Кога започна да зборува сите играчи плачеа“, истакна тој.
Во текстот се наведува дека докторите пред неколку дена го советувале Синиша дека не смее да ја напушта болницата и дека е премногу ризично. Но, тој прво инситирал, а потоа „плачел од бес“, ги погледнал докторите во очи и им кажал:
„Ветив дека ќе станам и ќе стананм. Знам се. Ќе се вратам за два дена“.
Така докторите го припремиле и тој излегол од болницата во неделата и ја водеше Болоња во натпреварот против Верона. Сепак, прв пат кога излегол од болница почуствувал како му треперат колената поради 40 дена поминати во болница.
„Претходните 40 дена беа најлошите денови во животот на Синиша, во соба „три на три“ го слушаше свукот на алармот и машината која предупредува за крај на хемотерапијата. Во првите денови се припреми за она што може да се случи: Се ишиша целосно бидејќи косата мораше да падне и кога веднаш почна да расте тоа беше првиот одговор од неговото тело на болеста“, се наведува во текстот.