Дома Фудбал Останато Тевез: Има играчи кои не знаат да собираат и одземаат

Тевез: Има играчи кои не знаат да собираат и одземаат

Легендарниот Карлос Тевез после имресивната кариера како фудбалер сега е тренер на аргентинскиот Индепендиенте.

Во разговор со новинарите, славниот напаѓач откри со каков проблем се соочувал во клубот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Тројца играчи ми рекоа дека не знаеле да собираат или одземаат кога играле во прва лига. Тоа е сиромаштија. Можеме да им донесеме храна, да им помогнеме со многу работи, но образование… Тој мора да знае како да се брани, како да чита што потпишува. Работиме на проект во клубот кој ќе им обезбеди наставник кој ќе помине два часа со нив после тренинг“, рече Тевез.

Тевез имаше богата фудбалска кариера, тој е дете на Бока, а потоа играше за Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mожеше да биде великан во фудбалот, но избра пари и ја запечати својата судбина.

Поранешната ѕвезда на Челзи, Оскар, поради здравствени проблеми донесе тешка одлука и став…