Дома Фудбал Тебас: Во последните три години Барселона само го повторува Реал Мадрид

Тебас: Во последните три години Барселона само го повторува Реал Мадрид

Сега веќе поранешниот претседател на Барселона Хозе Марија Бартомеу на заминувањето изјави дека Барселона се согласила да игра во европската Супер лига која е најавена за 2022 година.

Во таа лига вредна шест милијарди долари би се играло во двокружен систем со плеј-оф за шампионот и во неа би учествувале само најбогатите европски клубови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Покана добија скоро сите поголеми клубови. Реал Мадрид и Барселона помеѓу првите прифатија, а откако Бартомеу откри дека клубот прифатил се огласи првиот човек на Ла Лига Хавиер Тебас.

Тој е лут поради она што го направил Бартомеу и го обвини дека бил само играчка во рацете на Флорентино Перез.

„Бартомеу е воден од Перез. Убеден сум во тоа. Таа лига е сон на претседателот на Реал Мадрид и долго работи на неа, не е ништо ново. Прави голема грешка. Барселона претходно имаше свој глас кога се зборуваше за одредени ситуации во УЕФА и ФИФА, но во последните три години само го повторува она што го прави Реал Мадрид“, изјави Тебас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…