Португалецот ја плати цената за лошите резултати од почетокот на сезоната.
Тимот на Монако денес потврди дека досегашниот тренер Леонардо Жардим добил отказ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалецот во Кнежеството стигна во летото 2014 година и направи огромен успех освојувајќи ја титулата во француското првенство пред две сезони, додека во Лигата на шампионите стигна до полуфиналето.
Communiqué ➡ https://t.co/LiRiRA70lL pic.twitter.com/1uKzuldTBf
— AS Monaco ?? (@AS_Monaco) October 11, 2018
„Благодарен сум и горд што бев тренер на Монако четири години. Секогаш давав се од себе и работев со голема желба, остваривме големи победи кои секогаш ќе ги паметам“, изјави Жардим.
Монако започна катастрофално во Лига 1 и после девет кола во француската Лига 1 овој тим освои само шест бода и се наоѓа на 18-тата позиција во првенството. Во Лигата на шампионите од два натпревари освоија еден бод.
Засега како најсериозен кандидат за наследник на Жардим се споменува Тиери Анри.