Дома Топ вести Тајни преговори во Лос Анџелес: БОМБА за крај на трансфер периодот!

Тајни преговори во Лос Анџелес: БОМБА за крај на трансфер периодот!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е во Лос Анџелес, каде што по пишувањето на шпанските медиуми, го договора трансферот за крај на трансфер периодот, кој би можел да ја разниша Европа.

На Реал му е неопходен одличен голман, па така Перез ја искористи летната турнеја да го договори трансферот на Давид Де Геа, актуелниот голман на Манчестер Јунајтед. Не е тајна дека Мадриѓаните долго време бараат начини како да го доведат Шпанецот на „Сантијаго Бернабе“.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Де Геа во синоќешниот дуел помеѓу Реал и Манчестер одбрани и два пенали, што е дополнително го мотивира Перез за поагилно да влезе во преговорите кои се интензивни од 2015. година. Во целата работа би можел да се вклучи и ПСЖ, а трансферот би можел да се разлизира дури и пред 8. август, кога на распоредот е натпреварот во Суперкупот кој ќе биде одржан во Скопје.

„Diario Gol“ пишува дека Давид Де Геа е опсесија на Флорентино Перез, но сепак се сомнева дека до трансферот ќе дојде пред споменатиот натпревар на „Телеком Арена“.

Што се однесува за Кејлор Навас, актуелниот прв голман на Реал Мадрид, ќе ја прифати првата понуда која ќе ја има на масата, со оглед на тоа што не сака ниту да слушне да ја грее клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ѕвездата на Леверкузен доживеа страшна сообраќајна несреќа🎥

Напаѓачот на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс имал страшна сообраќајна несреќа но поминал …