Дома Останати Ракомет „Тато стана светски шампион“ – Микел Хансен зад себе има месец од соништата!

„Тато стана светски шампион“ – Микел Хансен зад себе има месец од соништата!

Данскиот херој Микел Хансен зад себе има месец од соништата.

Микел ја имаше таа среќа Данска да игра на домашен терен во Хернинг, па секоја вечер со дозвола на тренерот Јакобсен, спиеше со своето семејство во неговиот дом.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


„После секој натпревар одев дома и спиев со своето семејство. Николаи беше добар кон мене. После раѓањето на детето можев да се опуштам и да бидам со оние кои ми значат многу. Се трудев да бидам најдобрата верзија од себе и дома и кога бев со репрезентацијата“, изјави најдобриот играч на Мундијалот.

Татко во јануари стана и Николаи Орис.

„Бев целосно релаксиран кога е во прашање таа работа. Забележав колку играчите беа фокусирани. Кога победувате се е полесно“, ја прокоментира Николаи Јакобсен својата одлука да ги пушти играчите да спијат во своите домови.

Иначе за Данска ова беше прва светска титула во нивната 112 годишна ракометна историја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Најавено ново натпреварување од септември – ќе играат Македонија и други репрезентации!

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов пред вечерашнит…