Дома Трансфер зона Таткото на Самарџиќ му го пропадна трансферот во Интер

Таткото на Самарџиќ му го пропадна трансферот во Интер

Трансферот на Лазар Самарџиќ во Интер дефинитивно пропадна и играчот се врати во Удинезе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интер постигна договор со Удинезе за трансфер тежок 20 милиони евра плус еден младински фудбалер, веќе закажа лекарски прегледи, но трансферот пропадна во последен момент.

Во преговорите се замешал и таткото на Самарџиќ, кој е негов втор агент и побарал поголема плата и провизија за играчот.

Интер не сакаше да ги задоволи неговите барања, па го извести Самарџиќ дека нема ништо од трансферот.

Српскиот репрезентативец се врати во Удинезе и продолжи со тренинзи, а Интер потврди дека дефинитивно се откажува од фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…