Дома Останати Тенис Таткото на Алкараз го снимаше, Ѓоковиќ се огласи: Би сакал малку повеќе приватност…

Таткото на Алкараз го снимаше, Ѓоковиќ се огласи: Би сакал малку повеќе приватност…

Вообичаено тренинзите на најдобрите тенисери во светот не привлекуваат премногу внимание, но во текот на вчерашниот ден беше малку поинаку.

Карлос Алкараз одработи тренинг, а веднаш по него се појави и Ѓоковиќ. Српскиот тенисер тренираше веднаш по Шпанецот, за потоа да следува една несекојдневна ситуација.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Таткото на Алкараз, неколку минути го снимаше Ѓоковиќ, а потоа го коментираше неговиот настап со остатокот од тимот.

Денес за оваа ситуација се огласи и Ѓоковиќ кој призна дека би сакал да има малку повеќе приватност .

„Таква е ситуацијата, околностите се такви што немаме приватност за време на тренинзите, иако понекогаш би сакал да имам поголема приватност, бидејќи тоа ми дава можност да пробам некои работи, да комуницирам појасно со мојот тим. Факт е дека не сте целосно опуштени на тренинзите, знаете дека ривалите се тука и гледаат што правите, секој удар се гледа, оценува и анализира“, изјави Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…