Дома Фудбал Англија Талентот на Јунајтед доби нов договор со 10 пати поголема плата

Талентот на Јунајтед доби нов договор со 10 пати поголема плата

19-годишниот лев бек на Манчестер Јунајтед, Брендон Вилијамс потпиша нов договор со клубот, откако оваа сезона дебитираше за првиот тим.

Договорот е за 4 плус дополнително една година, а Вилијамс доби покачување на платата за 10 пати. До сега тој добиваше 4.000 фунти неделно, а со новиот договор неделно ќе заработува 40.000 фунти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вилијанс е дел од академијата на „црвените ѓаволи“ од 7-годишна возраст, а оваа сезона запиша 33 настапи за првиот тим.

„Брендон одигра одлична дебитанска сезона и сите во клубот сме среќни што потпиша нов договор. Овој договор е доказ за неговата упорна работа и прогресот кој го имаше“, истакна Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…