Дома Фудбал Останато Таков беше големиот Ферги: Влезе бесен и не врати назад да делиме автограми – поради тие луѓе зимате плата!

Таков беше големиот Ферги: Влезе бесен и не врати назад да делиме автограми – поради тие луѓе зимате плата!

Сер Алекс Фергусон важи за вистинска легенда на Манчестер Јунајтед, но и воопшто во фудбалот. Со сигурност тој е еден од најголемите тренери во историјата на фудбалот.

Освен тренерското знаење Ферги беше човек со манири поради кои сите го сакаа и беше омилен помеѓу навивачите. Сега една анегдота која докажува дека тоа е така раскажа Патрис Евра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Игравме пријателски натпревар и сите уморни влеговме во автобусот. Претходно поминавме низ редот навивачи и тогаш никој од нас не даде автограм. Ферги за разлика од нас играчите се потпишуваше можеби 45 минути, веќе знаевме дека погрешивме. Дојде во автобусот и беше лут на нас викаше – што се замислувате, кои сте вие!? Ајде сите надвор да поделите автограми. Не заборавајте дека поради тие луѓе надвор вие сте тоа што сте и поради нив зимате плата. Таков беше Ферги, посебен и голем“, раскажа Евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…