Репрезентацијата на Србија синоќа стигна до победа вредна злато во Ирска со резултат 1:0.
Единствениот гол го постигна Коларов во 55. минута. Србија така се наоѓа на чекор од директниот пласман на Светското првенство во Русија, за тоа ќе им биде потребна уште една победа во преостанатите две натпревари против Австрија и Грузија.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Не е се завршено, ни останаа уште два натпревари, но со една победа сигурно одиме понатаму, па јас сум сигурен дека моите момци ќе бидат сериозни и ќе го направиме последниот чекор, кој е и најтешкиот. Блиску сме до целта и ова многу значи за нашата земја, бидејќи не бевме на последните три големи натпреварувања. Пласманот би бил голем успех и се надевам дека ќе придонесе за развојот на фудбалот во нашата земја“, изјави селекторот на Србија, Славољуб Муслин на пресконференцијата по натпреварот во Даблин.
Тој изјави дека не му се допадна како неговата екипа играше во првото полувреме, но оцени дека заслужено оствари победа.
„Ги прашав моите играчи на полувремето да започнеме да играме фудбал, бидејќе не игравме добро. Имавме среќа да постигнеме гол и мислам дека во вториот дел игравме подобро, не сметајќи ги последните 15 минути кога имавме исфрлен и повреден играч“, додаде Муслин.