Дома Топ вести Тажна приказна на холандски фудбалер: Беше ѕвезда на Ајакс, играше за Интер и потоа…

Тажна приказна на холандски фудбалер: Беше ѕвезда на Ајакс, играше за Интер и потоа…

Фудбалските кариери често знаат да бидат пат до мирен и лагоден живот, но знаат и да се претворат во неверојатни приказни како оваа.

Беше еден од златните бисери на школата на Ајакс и дел од генерацијата која ја сочинуваа: Златан Ибрахимовиќ, Киву, Снадер, Ван дер Варт и Максвел.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Со овој клуб освои две титули шампион на Холандија и три Купа, а потоа замина во Интер, но тогаш кариерата заминува во надолна линија за Aнди ван дер Мејде.

После Интер се проба во дресот на Евертон, но без многу услех. Кариерата која ветуваше многу заврши неславно во холандскиот аматерски третолигаш, ВКЕ.

На 34 години ги закачи копачките на клин и крена раце од фудбалот, па почна да работи во угостителството. Поточно, стана специјалист за еспресо и капучино.

„Дојде време кочено нешто да променам во животот. Со сите сили се борев да успеам во фудбалот во претходните 15 години. Се откажав од фудбалот и решив да започнам нов живот на еден многу поубав и попрефинет начин. Сега луѓето во Амстердам ќе имаат прилика да го пробаат моето кафе ’А ла Ван дер Мејде’“, истакна Холанѓанецот кој потенцираше дека е среќен со новиот живот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мурињо се расплака за време на минутата молк за колегата со кого освои 23 трофеи (Видео)

Познатиот португалски тренер Жозе Мурињо се расплака за време на минутата молк на натпрева…