Српскиот фудбалер Душан Тадиќ од вчера после спектакуларниот настап против Реал Мадрид е во центарот на вниманието на фудбалската јавност.
Тадиќ одигра фантастичен натпревар против актуелниот европски шампион во кој постигна еден гол и запиша две асистенции. Освен погодокот и асистенциите Тадиќ беше постојана закана за голот на Куртоа и ги излудуваше фудбалерите на Реал со фантастичните дриблинзи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Србинот стана само деветиот фудбалер на кој еден од најреномираните спортски весници „Л’Eкип“ му доделил оценка 10 (тука). После натпреварот Тадиќ воодушеви и со поклонувањето на дресот (тука) на навивачите на Војводина, клубот каде што започна.
Денес тој е во центарот на вниманието, а во една изјава откри и детали за фудбалот кај нашиот северен сосед.
Тадиќ сигурно ги изненади новинарите кога започна да зборува дека платите во Србија не се редовни, како навивачите ги напаѓаат фудбалерите, а тренерите од играчите бараат да се тепаат…
„Фудбалските тренери од вас во Србија бараат само да се тепаш, а не да играш фудбал. Најдоброто можеш да го покажеш кога играш опуштено, без да се плашиш дека нешто ќе ти се случи. Незадоволните навивачи можат да дојдат до вас и да ве удрат, па дури и да ве истепаат. Тоа никако не може да биде добро. Во повеќе клубови финансиската состојба не е баш добра, платите доцнат и вие морате дополнително да се борите за вашите заработени пари. Кога си опкружен со сите овие проблеми, фудбалот и играњето на теренот паѓаат во втор план, невозможно е да бидете фокусиран“, изјави Тадиќ.
https://www.youtube.com/watch?v=5Xnyn0FAIXk&t=59s
Потоа зборуваше за проблемот со алкохолот кој е присутен кај талентираните фудбалери.
„Познавав мои врсници кои можеа да направат сешто со топката, но алкохолот и излегувањата повеќе ги привлекуваа. За разлика од нив јас работев на физичката спремност, тоа не е луксуз туку потреба. Играв напред, па се соочувате со фудбалери кои само сакаат да ве удрат и исплашат. Сфатив дека морам да бидам силен. Тоа беа некои правила според кои се водев, благодарение на нив можам да кажам дека успеав“, додаде Србинот.