Сапуницата околу Нејмар добива сценарио еднакво на филм.
Пред две година голема беше драмата околу трансферот на Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен, а сега изгледа не чека нова можеби и уште поголема сапуница.
Најновата вест од Бразил гласи – некој го украл интервјуто во кое Нејмар требало да ја открие својата иднина!?
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во ова можете да верувате или не, но за тоа пишуваше цела Јужна Америка и добар дел од Европа.
Наводно во прашање е видео интервју кое требало да се појави на „УОЛ Еспорте“. Станува збор за најпосетениот бразилски медиум со повеќе од 6.5 милијарди отворени страници месечно. Медиумскиот гигант од Сао Паоло направил интервју со Нејмар во текот на Копа Америка и тоа требало да излезе во јавноста вечерва. Наводно Нејмар во тоа интервју ги открил плановите за клупската иднина, дали останува во ПСЖ или сака да се врати во Барселона. Тоа интервју како бомба требало да одекне вечерва, но тоа нема да се случи.
Новинарот Жоао Поло Вергеиро потврди дека во текот за викендот некој од неговиот автомобил ја украл видео картичката со интервјуто?
Така драгоцените зборови на Нејмар исчезнале. Или не?
Новиот чин на драмата е приказната за драмата која се појави денес. Наводно тоа интервју на Нејмар останало забележано?!
Станува збор за друга ТВ екипа која пред „УОЛ Еспорте“ направилa интервју со Нејмар. Она интервју во кое Нејмар го понижи ПСЖ пред неколку дена со изјавата дека најдобриот момент во кариерата му е победата против ПСЖ СО 6:1. Таа друга ТВ екипа ја оставила камерата вклучена додека од „Еспорте“ го правеле интервјуто и снимиле се што кажал Нејмар. Сега таа телевизија им ја нуди снимката, но тоа има цена секако.
Циркус без крај…