Дома Фудбал Останато Суспензија каква што досега немало: Бејзбол играч суспендиран на – 100 натпревари!

Суспензија каква што досега немало: Бејзбол играч суспендиран на – 100 натпревари!

torres

Фрлачот од Мајор Лигата од тимот на Сан Диего Падрес, Хозе Торес (24) суспендиран е на неверојатни 100 натпревари!

Хозе Тoрес ја доби веројатно најголемата суспензија (поединечна) во спортот и тоа поради семејно насилство.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Венецуалецот беше приведен 29 декември минатата година во Феникс откако во текот на една расправија со нога ја удрил својата сопруга, а потоа и вперил пиштол во неа. Обвинет е уште и за злоупотреба на опојни средства.

„Во целосно се потпираме на одлуката на лигата. Ние ќе продолжиме да го поддржуваме истражувањето на леигата со цел играчите да се едуцираат и да се спречат такви случаи во иднина“, порачаа од редовите на неговиот тим.

Торес ја прифати казната и нема да поднесе жалба. Наскоро се очекува да му биде сооштена и казната од судот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Легендарниот Фернандо Алонсо донел конечна одлука за неговата кариера

Фернандо Алонсо отворено зборуваше за своите планови за иднината во Формула 1. Тимот од Си…