Дома Фудбал Англија Челзи ги суспендираше навивачите кои го навредуваа Стерлинг

Челзи ги суспендираше навивачите кои го навредуваа Стерлинг

После големото дерби помеѓу Челзи и Манчестер Сити се дигна голема прашина откако неколку навивачи на лондонскиот тим расистички го навредуваа Стерлинг.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фудбалерот на Сити се огласи после натпреварот на социјалните мрежи и порача дека е шокиран од извикувањата кој ги слушнал на Стемфорд Бриџ. За среќа фоторепортерите и камерите успеале да го забележат овој момент, па на полицијата не им требаше многу време да откријат за кои навивачи се работи.

Сините експресно реагирале и евидентирале четири лица кои на разни основи го навредувале играчот на Сити. Одлучено е да бидат суспендирани и повеќе да немаат можност да доаѓаат на натпревари на Челси.

„После полициската истрага утврдено е дека се работи за четворица навивачи и Челзи одлучи да ги суспендира повеќе да не доаѓаат на натпреварите.“ – соопштија од лондонскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…