Дома Фудбал „Супермен“ одбрана на Серхио Рамос: Славниот стопер доби крилја и го направи потегот на кариерата!

„Супермен“ одбрана на Серхио Рамос: Славниот стопер доби крилја и го направи потегот на кариерата!

Легендарниот Серхио Рамос го имаше второто деби за Севиља, а Андалузијците ги освоија првите три бода оваа сезона во Примера победувајќи го Лас Палмас со тесни 1:0.

На стадионот „Санчез Писхуан“ сите погледи беа вперени во враќањето на поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и ПСЖ, кој заигра од првата минута. Рамос се врати во црвено-белиот дрес за прв пат по 2005 година.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Искусниот стопер доби овации за време на загревањето и додека најавувачот ги читаше составите, и тоа беше јасен знак дека повторно успеа да ја освои публиката и на некој начин му е простено за начинот на кој си замина пред речиси две децении.

Поранешниот капитен на шпанската репрезентација на одличен начин им се претстави на навивачите кога со неверојатна акробација на 0:0 го спаси својот гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осимен избра каде ќе игра во иднина

Виктор Осимен, кој го бараат бројни клубови, претпочита да остане во Галатасарај и го инфо…