Дома Фудбал Суеверието на Флик: Една работа никогаш не прави кога неговиот тим изведува пенал

Суеверието на Флик: Една работа никогаш не прави кога неговиот тим изведува пенал

Екипата на Барселона славеше убедлива победа во рамките од десеттото коло од Ла Лига со 5:1 и така остана на лидерското место.

По овој натпревар тренерот Ханси Флик откри дека има посебен ритуал кога неговиот тим изведува пенал.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Имено, Флик истакна дека никогаш не гледа и така е веќе со години наназад, не само сега во Барселона.

„Не гледам никогаш кога мојот тим изведува пенал. Еднаш не гледав и постигнавме гол, па тоа ми стана навика која ја практикувам“, призна Флик.

Во среда Барселона ќе игра дерби во Лигата на шампионите, додека дома ќе се соочи со Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…