Дома Фудбал Судијата кој се судри со Алваро Мората заработи казна

Судијата кој се судри со Алваро Мората заработи казна

Неверојатен инцидент се случи минатата недела во Шпанија на натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Еибар.

Имено, во центарот на вниманието се најде главниот судија на овој натпревар Хавиер Алберола, кој во самиот финиш на натпреварот на бизарен начин влезе во судир со напаѓачот на Атлетико, Алваро Мората.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Според видеото се гледа дека судијата на овој натпревар го удара Мората по вратот додека зборува со него, а на напаѓачот тоа не му се допадна. Мората веднаш се спротистави, а на крајот Диего Симеоне порача дека такви работи не смее да се случат.

Марка објави дека првите луѓе на Ла Лига одлучиле да го казнат судијата. Тој во наредните две кола ќе биде суспендиран, но во 36. коло се враќа на сцената.

Ла Лига објави дека Алберола добил две кола за одмор, но јасно е дека тоа е нивна казна токму поради инцидентот на натпреварот помеѓу Атлетико и Еибар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кевин Де Брујне се приклучува на новиот шампион на Италија ?

Според италијанските медиуми, Наполи го финализирал договорот и планира да го донесе 33-го…