Судиска анализа за 6. коло од ПРВА МФЛ за сезона 2022/23
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 6. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На натпреварот ФК Силекс – ФК Тивеш одигран на 04.09.2022 година, анализирана е ситуацијата од 83. минута.
Главен судија: Александар Ставрев; Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески;
83. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (НЕ досудено офсајд позиција)
Играч од екипата на Силекс ја имаше топката во свој посед странично од голот на Тиквеш, потоа ја додаде до свој соиграч кој беше во линија со претпоследниот играч од одбраната на Тиквеш и истиот играч ја центрираше топката и беше постигнат гол.
Исправна одлука на првиот помошен судија играта да продолжи (многу тешка ситуација за помошен судија), бидејки играчот кога ја прими топката од соиграчот беше во линија со претпоследниот играч од одбраната, голот е регуларен.
На натпреварот ФК Шкендија – ФК Македонија Ѓ.П. одигран на 04.09.2022 година, анализирана е ситуацијата од 53. минута.
Главен судија: Стојан Трпчевски; Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов;
46. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (НЕ досудено офсајд позиција)
Играч од екипата на Македонија додаде топка до свој соиграч кој во моментот на додавање беше во линија со претпоследниот играч од одбраната на Шкендија, ја прими топката и постигна гол.
Исправна одлука на првиот помошен судија играта да продолжи, бидејќи играчот кога ја прими топката од соиграчот беше во линија со претпоследниот играч од одбраната, голот е регуларен.
На натпреварот ФК Брегалница – ФК Шкупи одигран на 04.08.2022 година, анализирана е ситуацијата од 31. минута.
Главен судија: Јован Качевски; Помошни судии: Мартин Дејаноски и Давор Цветановски;
31. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон)
Играч од нападот на Шкупи беше во посед на топката на средина на терен, играчот од екипа на Брегалница го влечеше за дрес играчот на Шкупи, кој потоа намерно со раката го удри во пределот на главата играчот што влечеше.
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за Шкупи и жолт картон за играчот на Брегалница за влечење и ЦРВЕН картон за играчот на Шкупи за намерено удирање со рака со силен интензитет во предел на главата.
На натпреварот ФК Скопје – ФК Победа одигран на 04.09.2022 година, анализирани се ситуациите 30. и 64. минута.
Главен судија: Димитар Пилешков; Помошни судии: Христијан Џонов и Бојан Андевски;
30. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)
Играч од Победа центрираше висока топка кон соиграч пред шеснаесетникот на Скопје, играчот од одбраната на Скопје направи прекршок над играчот на Победа додека топката патуваше кон играчот и не беше во посед на топката.
Исправна одлука на судијата што досуди слободен удар и додели жолт картон за играчот на Скопје, бидејќи контактот беше надвор од шеснаесетникот и играчот на Победа ја немаше топката во посед и контрола .
64. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден гол)
Центрирана топка во шеснаесетникот на Скопје, играч од нападот на Победа ја удри топката со глава кон голот на Скопје, на самата гол линијата голманот ја изби топката и го одбрани ударот.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи голманот го одбрани ударот на самата гол линија. За голот да биде признат топката треба со целиот свој обем да ја помине гол линијата, што не беше во овој случај.
На натпреварот ФК Академија Пандев – ФК Струга Трим Љум, немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Судиска анализа за 2. коло од ВТОРА МФЛ за сезона 2022/23
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 3. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Арсими – ФК Пелистер одигран на 03.09.2022 година, анализирани се ситуациите од 27. и 53. минута.
Главен судија: Игор Стојчевски; Помошни судии: Даниел Василевски и Филип Ицковски;
27. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)
Центрирана топка во шеснаесетникот на Пелистер, играч од одбраната на Пелистер ја изби топката со нога која потоа го удри во раката.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи играчот при избивање на топката го удри во рака, во ваква ситуација не се досудува удар од 11 метри.
52. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ Досуден удар од 11 метри)
Играч на Арсими беше во посед на топката и влезе во шеснаесетникот на Пелистер, пред него стоеше играч од одбраната на Пелистер и не направи никакво движење со телото и нозете, играчот на Арсими се обиде да изнуди удар од 11 метри и падна без контакт (симулација).
Исправна одлука на главниот судија, досудено индиректен слободен удар и жолт картон за симулација на играчот од Арсими.
На останатите натпревари од 2. МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.