Судиската комисија ги разгледа спорните моменти од 2 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот Фк.Шкупи- Фк.Македонија Ѓ.П одигран на 13.08.2022 година, анализиранисе ситуациите од 61 и 70 минута.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
“Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.
61 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)
Во 16 – сетникот на Македонија, играч од нападот на Шкупи беше во посед на топка странично од голот на Македонија исакаше да додаде топката до свој соиграч, меѓутоа играч од одбраната на Македонија ја изби топката во телото на свој соиграч кој беше во лизгачки старт,близу соиграчот и со рака подигнато високо.Многу добра поставеност на судијата во оваа ситуација и имаше комплетна прегледност.
Исправна одлука на главниот судија играта да продолжи, немаше елементи за да се досуди удар од 11 метри.
70минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( НЕ досудено офсајд позиција)
Центрирана топка странично од голот на Македонија, еден играч од нападот на Шкупи се наоѓаше во недозволена офсајд позиција, меѓутоа топката дојде до друг играч од нападот на Шкупи кој беше во дозволена позиција( влезе од втор план) и постигна гол.
Исправна одлука на асистентот судија што не досуди офсајд позиција и дозволи играта да продолжи, бидејки играчот што се наоѓаше во офсајд позиција не влијаеше на играта.Голот е регуларен.
На натпреварот Фк.Брегалница-Фк. Струга трим Лум одигран на 14.08.2022 година, анализирана е ситуацијата 55 минута.
“Главен судија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Даниел Василевски и Бранко Путилин.
55 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на Брегалница беше во посед на топката странично во 16- сетникот на Струга и ја центрираше топката, при центрирањето топката го удри играчот од одбраната на Струга во рака која му беше во природна положба (спуштена и доближена до телото), исто така беше и кратко рестојание помеѓу играчите за да мозже одбранбениот играч да реагира 9да ја тргне раката).
Исправна одлука на главниот судија да дозволи играта да продолжи. Оваа ситуација е класичен пример за правилна одлука за удар во рака, каде што не треба да се досуди удар од 11 метри.
Судиската комисија на овој натпревар не е во целост задоволна од критериумите на досудување и не досудување на слободните удари на главниот судија.
На натпреварот Фк.Работнички -Фк.Академија Пандев одигран на 14.08.2022 година, анализирани се ситуациитеод 38, 39и 51 минута.
“Главенсудија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Кристијан Џонов.
38 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на Работнички беше во посед на топката во 16 сетникотна Академија, при центаршутот топката го удри играчот од одбраната на Академија во рака, која му беше високо подигната и во неприродна положба.
Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, иако беше многу добро поставен.Во оваа ситуација требаше да се досуди удар од 11 метри за екипата на Работнички.
39 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)
Играч на Работнички упати топка во 16 сетникот на Академија, на неа стартуваа играч од нападот на Работнички и играч од одбраната на Академија, играчот на Работнички прв стигна до топката, сакајки да ја избие топката играчот на Академија го удри во долниот дел од стапалото (закаснет старт) играчот на Работнички кој веке беше во посед на топката.
Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи. Во оваа ситуација требаше да се досуди удар од 11 метри за екипата на Работнички за закаснет старт на нога со интензитет.
51 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ АСИСТЕНТ СУДИЈА (НЕ досудена офсајд позиција)
Играч на Академија додаде топка до свој соиграч кој во моментот на додавање беше во линија со претпоследниот одбранбен играч на екипата на Работнички, ја прими топката и постигна гол.
Исправна одлука на вториот асистент што дозволи играта да продолжи, нема офсајд позиција и голот е регуларен.
На натпреварот Фк.Победа -Фк.Тиквеш одигран на 14.08.2022 година, анализирана е ситуацијатаод 27 минута.
“Главенсудија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски.
27 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)
Играч на екипата на Победа беше во посед на топка во 16 сетникот на Тиквеш, дојде до минимален контакт со одбранбениот играч од екипата на Тиквеш, тој контакт играчот на Победа го искористи за да изнуди удар од 11 метри.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, многу добра поставеност и прегледност на судијата, стартот е без интензитет и недоволен за да се досуди удар од 11 метри.
На натпреварот Фк.Шкендија-Фк.Силекс немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Фото: ФК Работнички