Дома Македонски спорт Мак баскет Судбината си поигра со македонските легенди: Лечиќ на 81. роденден остана без својот пријател и соработник

Судбината си поигра со македонските легенди: Лечиќ на 81. роденден остана без својот пријател и соработник

Утрово Македонија ја погоди трагичната вест за смртта на македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски – Буштур.

Буштур животот го загуби во собраќајна несреќа во Кисела Вода. Судбината како да сакаше да си поигра, па Буштур овој свет го напушти на денот на роденденот на уште една македонска легенда, Лазар Лечиќ.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Лечиќ денес го прославува 81. роденден кој веројатно ќе биде најтажниот во неговиот живот затоа што о остана без неговиот кошаркарски наследник и човекот кого го тренираше и со кого соработуваше во Работнички, но и во југословенските репрезентации.

Треба да се спомене дека Буштур минатата година за 80. роденден на Лечиќ беше еден од иницијаторите за големата академија. За жал тоа беше последната роденденска прослава на Лечиќ на кој присустуваше Буштур.

„Со ова сакаме да му дадеме признание на Лазар Лечиќ за се што направи за македонската кошарка кошарката и за нас. Остваривме контакти со многу луѓе кои сакавме да дојдат во Скопје. Речиси сите наши покани се од прв момент прифатени и тоа е доказ за белегот што го остави Лечиќ во македонската и југословенската кошарка“ гласеше изјавата на Буштур минатата година за организацијата на настанот на кој присустуваа повеќе кошаркарски легенди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…