Во редовите на Јувентус вледее огромно разочарување поради тешкиот пораз од Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампиони.
„Старата дама“ не крие дека главна цел оваа сезона е освојување на Лигата на шампиони, па само подвиг против Атлетико може да ја промени судбината на Алегри, но и на три големи ѕвезди од тимот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, „Тутоспорт“, весник кој е близок до Јувентус тврди дека во случај на елиминација од Лигата на шампиони ќе значи крај за тренерот Алегри, но и уште тројца фудбалери ќе треба да ги пакуваат куферите.
На 12-ти март ќе се одлучува судбината на Алегри кој во случај на елиминација ќе остане до крајот на сезоната, а потоа ќе биде заменет. Најголема желба на „бјанконерите“ за негов наследник е Зинедин Зидан.
Исто така на тројца играчи од стартниот тим ќе им биде отворена изнезната врата. Прв е Манџукиќ, кој е миленик на Алегри, но „старата дама“ сака да донесе нов, врвен централен напаѓач.
Второто име е Алекс Сандро, кого Јувентус сака да го замени со Марсело од Реал Мадрид, а најверојатно продаден ќе биде и Дибала, кој падна во сенка на Роналдо и оваа сезона игра под сите очекувања.
Весниот тврди дека Алегри нема да биде веднаш избркан поради сите заслуги кои ги има во клубот, но на крајот на сезоната двете страни ќе се разделат со спогодбено раскинување на договорот.
Зидан е логичен избор за негов наследник, тој е идол на навивачите, има одлична соработка со најголемата ѕвезда во тимот, Роналдо, притоа има три титули во Лигата на шампиони, што е главен приоритет на „старата дама“.