Дома Фудбал Англија Суарез со емотивно писмо до Џерард: Никогаш нема да одиш сам!

Суарез со емотивно писмо до Џерард: Никогаш нема да одиш сам!

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард и официјално соопшти дека се повлекува од активното играње на фудбал, па многу фудбалски имиња испратија пораки до него.

Сепак, најемотивно беше писмото на неговит поранешен соиграч, сега ѕвезда на Барселона, Луис Суарез, кое ги трогна сите љубители на фудбалот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Пристигнав во Ливерпул, историски клуб, а таму преминав од друг историски клуб. Меѓу моите нови соиграчи беше и Стиван Џерард. Беше пример во клубот, во Премиер лигата и надвор од неа. Го стеснување просторот во одбрана, беше одличен шутер и голгетер, како и добар асистент. Навистина единствен играч.

Минуваа седмици, а Стивен се покажа како вистински лидер. Беше роден победник и премногу амбициозен играч на теренот, како и голем колега надвор од него. Од него има постојана поддршка, научив многу вредни работи, тој секогаш го извлекуваше најдоброто од мене.

Фала ти многу Стивен. За целото време кое го мина покрај мене кога ми беше најтешко. Заради тоа што ме поддржуваше за сè, и ме советуваше толку многу пати. Нашиот однос ги надмина границите на фудбалскиот терен. Секогаш беше покрај мене, дури и во моментите кога многумина не беа. Фала за сите разговори и ситуации со кои многу ми помогна, како што постар брат учи помлад.

Толку многу минавме заедно и се боревме за големи работи со нашиот клуб. Сето тоа вечно ќе биде врежано во моето сеќавање.

Пријателу мој, Никогаш нема да одиш сам“, напиша Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …