Дома Македонски спорт Мак фудбал Струга елиминирана со гол во 96-та минута

Струга елиминирана со гол во 96-та минута

Во реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига фудбалерите на Струга Трим Лум загубија со 3:1 од екипата на Пјуник.

Стружани во Ерменија отпатуваа со предност од 2:1, до 96.минута имаа продолженија, но ги шокира голот на Коваленко со кој Пјуник славеше 3:1.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Пјуник ја анулираше предноста на македонскиот првак од првиот дуел во Охрид уште по првото полувреме. Ерменскиот тим поведе со 1-0 со голот на Серж Дебле во 17.минута, а Михаил Коваленко во 45.минута ја удвои предноста на домаќинот.

Стружани во натпреварот ги врати ветеранот Ибраими, но во 96-та минута примија гол за елиминација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…