Струга Трим Лум продолжува да биде најпријатното изненадување во македонското првенство.
Тимот на Срѓан Захариевски денес ја доби и Академија Пандев за максимален ефект од шест победи во шест натпревари. Струга славеше во Струмица со убедливи 3:0. Победата беше најавена со голот на Буњамин Шабани после половина час игра, Ибраими во второто полувреме зголеми на 0:2, а конечниот резултат го постави Мерџани во последните моменти од натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Замина Седлоски од Чаир после ремито со Победа, а дека работите не одат како што треба во Чаир се покажа и со деншниот пораз во Штип кај Брегалница. Еден час Шкупи играше со играч помалку затоа што исклучување заработи Сандеј Адетуџи. Штипјани до победата стигнаа со двата гола во второто полувреме.
Скопје ги освои првите бодови откако ја победи Победа со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Христијан Кировски. Силекс ја задржа добрата форма со победа против Тиквеш од 3:2. Шкендија и Македонија Ѓорче Петров ремизираа 1-1 во Тетово.
ТАБЕЛА ВО ПМФЛ:
1. Струга 18
2. Силекс 11
3. Шкендија 11
4. Брегалница 10
5. Академија П. 7
6. Шкупи 7
7. Македонија ЃП 5
8. Тиквеш 4
9. Работнички 4
10. Скопје 3
11. Победа 1
Фото: ФК Струга Трим Лум