Страшни сцени видовме пред краот на вечерашниот натпревар помеѓу Порто и Беленесес.
Еден од гостинските фудбалери остана да лежи на земја после еден жесток судир со противничкиот голман. Станува збор за играчот, Нану 15-тина минути лежеше на тревата додека докторите му укажуваа помош. На теренот влезе и амбулатното возило, а натпреварот по прекинот беше продолжен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дека работата беше крајно сериозна говори и реакцијата на искусниот Пепе кој во тие моменти беше во солзи. За среќа можеше да се забележи дека играчот се врати при свест кога го изнесуваа од теренот.
As rápidas melhoras para o jogador do Porto Nanu pic.twitter.com/wjytppoIiA
— 3 Gerações (@3Sporting) February 4, 2021