Дома Фудбал Страшна повреда заработи играч на Манчестер Сити

Страшна повреда заработи играч на Манчестер Сити

Манчестер Сити рутински се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако во реваншот од осминафиналето го совлада Копенхаген со 3:1.

Матеус Нунес мораше да ја напушти играта во 74. минута откако го повреди средниот прст на левата рака.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иако лекарите му помогнаа и му го местија прстот, болката во раката беше пресилна и не можеше да го дочека натпреварот до неговиот крај.

Инаку, Сити вчера ја забележа десеттата последователна победа во Лигата на шампионите, со што е само третиот тим кој десет пати по ред победил во ова натпреварување по Реал Мадрид (2014/2015) и Баерн (низа од 15 од 2019 до 2020 и десет натпревари во низа во 2013 година).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен водач на навивачите на Милан доби 18 години затвор!

Криминалецот Лука Лучи, поранешен лидер на навивачката група на Милан, беше вчера осуден н…