Дома Фудбал Останато Страшна вест: Поранашен фудбалер на Сампдорија има тумор на мозокот

Страшна вест: Поранашен фудбалер на Сампдорија има тумор на мозокот

Eкс-фудбалерот на Сампдорија, Џуниор Таварес боледува од тумор на мозокот, објави сегашниот клуб на Бразилецот, Понте Прета.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Таварес е фудбалер кој игра на позицијата лев бек и во средниот ред, а во второлигашот на Бразил настапува од јануари.

„По дијагнозата, Понте Прета ја следи состојбата на фудбалерот и му ја пружа целосната поддршка“, објави бразилскиот клуб.

Медиумите во Бразил пренесуваат дека Таварез од средата е во болница во Бразил, а престанал со тренинзите уште од 27. јуни кога се жалел на силни главоболки.

Во минатото Таварес настапуваше за Гремио, Сао Паоло, Сампдорија, Портимонензе, Спорт Ресифе и Наутико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал се насочува кон Субименди по неуспехот со Родри

Жозе Моуриньо продолжува да инсистира Реал Мадрид да донесе нов дефанзивен играч за врска …