Дома Актуелно Страв од коронавирусот: Ѕвездите од Серија А во ноќен шопинг

Страв од коронавирусот: Ѕвездите од Серија А во ноќен шопинг

Најалармантна ситуација со коронавирусот е во Италија каде сите спортски натпревари се стопирани до 3. април.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Некои играчи од Наполи доцна синоќа маскирано стоеја во редот за да ги купат основните намирници во супермаркет.

После препораките на италијанската влада за ограничено движење многумина граѓани во Италија веднаш заминале во маркетите да купат храна.

Фернандо Љоренте, Каљехон и Оспина беа забележани пред еден супермаркет како стојат во редот и чекаат да влезат во супермаркет.

Италија е втората земја после Кина со најголем број заразени од коронавирусот. До сега на Апенините се евидентирани 9.172 заразени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Интер и Рома прават неочекувана зделка?

Интер и Рома сериозно разгледуваат голема зделка што би можела да го одбележи летниот тран…