Македонскиот кошаркар Стојан Ѓуроски повторно се враќа во Шпанија, откако потпиша договор со Аликанте, каде што треба да остане една година.
Ѓуроски се враќа во Шпанија, каде што претходно го носеше дресот на Хуеска и Мелилја, кои настапуваат во Втората лига.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кошаркарот помина четири години во Луизијана во НЦАА-лигата, а настапуваше и за Левски, Евре, како и македонските екипи Работнички, МЗТ Скопје, Карпош Соколи, Кожув.
„Ѓуроски е одличен кошаркар, кој знае да направи вистинска одлука во одреден момент. Ние знаеме дека ќе се прилагоди на нашиот брз стил на игра. Тој е голем натпреварувач, па сигурно ќе ни помогне во остварување на нашите амбиции“, кажа тренерот Педро Риверо.
#LEBOro| Stojan Gjuroski (@Sto_Gj11) es la última incorporación de @FundLucentum
— ?. ???????? (@BauhaussOficial) July 22, 2020
¡Vaya equipazo están montando en Alicante! https://t.co/AZooRdR0Sw